Од протестот беше упатено барање до општината и државата да му наложат на градежниот инспекторат да го спроведе решението за уривање на нелегално изградените делови од сместувачкиот капацитет донесено во јули 2011. Истовремено, побараа одговорност од подрачните служби на надлежните министерства и НП „Галичица“ кои како што беше речено, од 2008 до сега се само неми посматрачи на бесправното узурпирање и градење на државен имот во селото.
-Долго време се врши одлагање на
извршувањето, уште колку време ќе им биде потребно за да ја завршат
својата работа? И покрај тоа што писмено се имаме обратено до надлежните
органи до ден денес немаме одговор добиено од нив, изјави Пере Ангелески – Црковен одбор „Св. Никола“.
Жителите на Трпејца бараат за случајот да се изјасне и Антикорупциската комисија , а од локалната и централната власт, најдоцна до утре, да соопштат што ќе преземат во врска со случајот.
Мирниот протест се одвива покрај регионалниот пат Охрид- Св. Наум, затоа што полицијата која го обезбедува протестот, не дозволи блокирање на патот и сообраќајот се одвива непречено.