Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски ја прифати поканата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, за одржување на средба во Клубот на пратениците, во текот на утрешниот ден, а со цел надминување на политичката криза.

На средбата, се очекува да присуствуваат и најблиските соработници на Груевски и Црвенкоски, а според најавите ќе се разговара за актуелните политички прашања.

Средбата, утре, ќе се одржи во 13.30 часот.

OhridNews