Учениците во голем број се вклучија во денешната акција Ден на дрвото – засадија својата иднина. Ги оплеменија и уредија училишните дворови.
Основците и вработените од ОУ „ Григор Прличев“ имаа можност заедно да засадат садници и да го исчистат училишниот двор. Денот помина во убава атмосфера и учениците извлекоа воспитна поука, дека сите заедно треба да се грижат за училиштето, дека уредувањето и садењето на дрвцата треба да бидат постојана практика .
Во акцијата активно се вклучија и учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“. Училишниот двор го разубавија со сезонски садници – чемпреси.
Во дворот на ОУ „ Христо Узунов“ садеа директорот на училиштето Тони Симоноски со вработените и во присуство на преставникот на Министерството за животна средина Дејан Пановски. На учениците им беше пренесена порака дека секое засадено дрво е симбол на иднината и симбол на доброто за својот град и својата земја.
Активности се одржаа и во основното училиште „ Кочо Рацин“. Повозрасните ученици садеа дрвца, додека пак најмладите учествуваа во работилници.
Се садеше и во училишниот двор во село Белчишта каде Градоначалникот Игор Трајкоски заедно со општинската администрација, директорот на училиштето, наставниците и учениците засадија дрвца со што го разубавија училишиот двор .
Акцијата ден на дрвото -засадија својата иднина, е поддржана од Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства,Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС), општините и ЈП „ Македонски Шуми“.
OhridNews