На патниот правец Охрид-Кичево преку планинскиот премин Пресека е укината забраната за сообраќај на автобуси и тешки товарни возила, но задожителна е употребата на зимска опрема, информираа попладнево од АМСМ.
Исто така забраната за тешки товарни возила е укината и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец Охрид-Ресен преку планинскиот премин Буково.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила се уште има на патниот правец Гостивар-крак Маврово–Дебар-Струга.
Најголемиот автопревозник АД „Галеб“, информира дека редовните автобуски линии кон и од Скопје и вечерва ќе се возат преку Битола. Исто така автобусите кои сообраќаат на линијата Охрид – Скопје рано утре во 05.30 и 07.30, како и тие во обратен правец од Скопје кон Охрид во 6 и 8 часот, исто така ќе патуваат преку Битола.
-Во интерес на безбедноста на патниците, најпрвин утре претпладне ќе исптратиме пробно возило за да се испитаат условите на патот, а до тогаш наведените линии кон и од Скопје, ќе се реализираат преку Битола. – информираат од АД „Галеб“.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури во утринските часови се забележува појава на голомразица.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.
OhridNews