Од АМСМ информираат дека од 10.50 часот се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила и понатаму важи за планинските превои Стража, Пресека и на патниот правец од крак Маврово кон Дебар и обратно.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај. Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП ЈАСЕН е непрооден поради големи снежни наноси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат.

OhridNews