Од 20:45 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража, а забраната останува за патниот правец Крак-Маврово-Дебар.

Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на сите патишта низ земјава се одвива тековно, на места по влажни коловози. Снежни врнежи со слаб интензитет има на Попова Шапка, Тетово, Стража, Маврово, Битола, Ресен, Крушево, Кичево, Буково, Ѓавато, Пресека, Струмица и Удово, но истите не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.

Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews