Црквата “Св.Никола” во
селото Радожда остана речиси без
икони, откако ноќеска непознати сторители украле уште 16 икони, од иконостасот на овој храм. Според полицијата разбојниците влегле во црквата насилно-со кршење на цилиндарот од бравата на влезната врата по што ја обиле и втората врата во внатрешноста на црквата. 

 
-Од црквата “Св.Никола”, против-правно  одземени се вкупно 16 икони од повеќе апостоли во различни димензии, кои биле лоцирани во
горниот и долниот дел од иконостасот како и една икона со димензии 80 со 50
сантиметри, која била лоцирана во централниот дел од црковниот иконостас.
-велат од СВР Охрид.
 
 За нецел месец ова е втора кражба на икони во овој православен храм. При
претходниот грабеж кој се случи на 13 ноември , непознати сторители
украдоа 12 икони и вредниот сребрен крст. Материјалната штета тогаш беше
проценета на 1,8 милиони денари.

 
  Инаку серијата кражби во црквите од југозападниот регион почна во 2009 година, а се претпоставува дека украдените икони и предмети најчесто завршуваат на црните пазари во соседните земји и во Западна Европа.

Последната тешка кражба на икони се случи во февруари годинава, кога беше ограбен централниот струшкиот храм „Свети Ѓорѓија“, од каде беа однесени неколку вредни и уникатни дела кои датираат од 13 до 19 век. Истиот месец беа огрбени црквите „Свети Никола и „Света Богородица Пречиста“ во селата Селци и Буринец, во струшкиот крај Малесија, од каде беа однесени 10-тина икони. 


OhridNews