Уставниот суд дозволи промена на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Петмина уставни судии гласаа „за“, а четири „против“, по иницијативата што во судот беше доставена во вторникот. Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.

Законот  во 2009 година го потпиша поранешниот претседател Бранко Црвенковски, и во него се наведува дека претседателот нема повеќе да има надлежност да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности. Сега, со изгласаната одлука на Уставниот суд, претседателот повторно ќе може да помилува лица кои ќе бидат осудени за изборни нерегуларности.

Инаку, ова барање дојде откако Специјалното обвинителство го отвори предметот „Титаник“ со кој се истражуваат изборни нерегуларности во кои се вмешани актуелни и поранешни функционери.

 

 

OhridNews
извор Макфакс