Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, оваа година продолжуваат да го спроведуваат проектот  „Македонија без отпад 2015“.            

Во сабота, во рамките на проектот „Македонија без отпад“ на целата територија на Македонија ќе се одржи националната акција за чистење на околината  од отпадот кој се наоѓа на несоодветни места. Целта  на проектот е  граѓаните и сите засегнати групи, организирано и што по масовно да се вклучат да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа насекаде.

Проектот ќе се спроведува со поддршка и  со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации,  здруженија на граѓани и месното население.

Во рамките на акцијата општина Охрид и ЈП „Охридски Kомуналец“  ќе го исчистат потегот на магистралниот пат од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до селото Подмоље. Основните училишта во општината ќе се вклучат во акцијата со чистење на дворните места на училиштата.

OhridNews