Поради густата магла и утрово, на скопскиот аеродром „ Александар Велики“ се откажани сите полетувања и слетувања.

Откажани беа полетувањата предвидени до 9.10 часот кон Виена, Рим, Загреб, Париз, Истанбул, за останатите во текот на денот зависи од состојбата со маглата.

Она што е познато е дека полетувањата и слетувањата на авионите од „ Адриа“ и „ Луфтханза“ кон и од Љубљана, попладнево, во 15.10 односно 15.50 часот, ќе се одвиваат преку охридскиот аеродром.

„ТАВ Македонија“ истакнува дека и покрај одложувањата и откажувањата предизвикани од временските услови, патниците мора да пристигнат на аеродромот со цел да го регулираат правото на купениот авионски билет.

Како и досега, „ТАВ Македонија“ ги упатува патниците сите детали за промените во редот на летање да ги обезбедуваат преку веб-страницата на скопскиот аеродром http://skp.airports.com.mk, да ја контактираат Службата за информации на телефонскиот број 389 (0) 2 3148 333, или, пак, да стапат во контакт директно со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите. Нивните контакти можат да се најдат на следниов линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=411

„ТАВ Македонија“ е во редовен контакт со надлежните институции во авиосообраќајот, го следи развојот на состојбата околу временските услови и секоја евентуална промена ќе ја објави на веб-порталот на „Александар Велики“.

OhridNews