Со греана ракија, вино и пача, капење на тајфата на чело со фаќачот на чесниот крст, Иван Лотески и староградска охридска музика на ансмбалот „Билјана Јуниор“ охриѓани и гостите на плоштадот кај Долна порта, во центарот на градот, го одбележаа денот на Рибарите.

На капачите им се придружи и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

И оваа година изостана пливањето по буриња со вино, но затоа се готвеше вкусна рибна чорба. Професорите и учениците од средното угостителско училиште Ванчо Питошески подготвија околу 5000 порции вкусна рибна чорба.

Црвениот крст Охрид и оваа година дел од вкусно подготвена рибна чорба дистрибутираше до социјално ранливите категории на граѓани во градот и околината.

Во духот на традиција одбележа денот на Рибарите!

OhridNews