Салонот за венчаници „Mimosa Bridal“, лоциран на ул. ”Питу Гули” бр.21, им ја претставува својата бајка на идните невести преку луксузни, екстравагантни и префинети венчаници на светските брендови „Crystal Design“ и “Nicole Spose“.

Салонот нуди изнаjмување и продажба на ексклузивни венчаници изработени од високо квалитетни ткаенини од италијанска свила со неодоливи детали и комплексни везови, со вешто проткаени блескави кристали, совршено комбинирани да дадат софистициран изглед на секоја невеста, зачувувајќи ја природната елеганција и убавина.

Секоја венчаница од нивните колекции има своја приказна и уникатен стил што ја опишува.

Детали од отворањето на новиот салон „Mimosa Bridal“ во Охрид може да проследите и на: https://www.facebook.com/MimosaVencaniciOhrid/.

Повеќе информации за новиот салон за венчаници во Охрид „Mimosa Bridal“ на: www.mimosa.mk.

OhridNews