Утре од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме. Во недела нестабилно ќе биде претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од понеделник времето ќе биде претежно сончево со побрз пораст на температурите и особено топло време на средината на работната недела, кога температурите на места ќе достигнат до 40 степени Целзиусови.

Г.М.