Инаку информацијата дека познатиот македонски пајач нема да настапи во Охрид, проструи во јавноста вчера, откако градот Скопје објави дека за дочекот на Новата година граѓаните во метрополата ќе ги забавуваaт изведувачи од македонскиот музички крем, меѓу кои беше споменат и Влатко Илиевски. Тој во Скопје ќе настапи заедно со Каролина, Владо Јаневски, Елена и Ламбе, Гаро Тавитјав, Есма Реџепова, Тони Зен и други.
Организаторот на дочекот на Нова година во Охрид пред околу една недела го најави настапот на Влатко Илиевски на плоштадот „Св. Климент Охридски“, заедно со Боби Мојсоски, Кербер, Денис Мурат и познатиот изведувач Ѓоко Танески.
Организираниот дочек на Нова година во Охрид е тема на дискусија со години во јавноста. Локалната самоуправо не отстатпува од тоа дочекот да биде скромен без многу потрошени средства, за разлика од сите други поголеми општини каде во најлудата ноќ настапуваат познати музички ѕвезди. Во голем дел тоа е резултат на добра соработка на локалната бизнис заедница, хотелиерите и угостителите, што во случајот на Охрид редовно затајува.
Поделеност во мислењата за тоа каков дочек му треба на најголемиот и најпознат туристички центар во регионот има и меѓу охриѓани. Половина сметаат дека организираниот дочек на Нова година во Охрид треба да е раскошен со познати музички имиња, што ќе го зголеми имиџот на градот. Но, речиси еднаков е бројот на тие кои сметаат дека дочекот на Нова година треба да биде скромен. Само 10 отсто од читателите кои учествуваа во анкетата на OhridNews одговорија дека Охрид не треба да организира јавен дочек на Нова година. Во анкетата беа вклучени 4300 читатели.