Затоплувањето на времето и големите температурните осцилации предизвикуваат одрони од карпата кај „ Мостот на желбите“. Поради тоа надлежните служби од Локалната самоуправа деновиве поставија знак кој предупредува на опасност од одрони.
-Истовремено, заедно со Заводот за заштита на спомениците и другите надлежни државни институции, ќе биде покрената иницијатива за заштита на карпата кај Канео, со што ќе се избегнат опасностите од одрони, информираат од Локалната самоуправа.
Најголема опасност се заканува од потпорниот ѕид од летната сцена Долни сарај, каде се забележани сериозни напукнувања. Надлежните велат дека проблемот не е нов и дека уште пред неколку години подготвиле план за санација на оштетениот ѕид, за што според проценките се потребни околу 3 милиони евра.
Неодамна граѓани од стариот дел на градот реагираа на зачестената појава на одрони и во густо населените подрачја околу улуцата “„Цар Самуил“. Одрони од камења и ситни карпи забележани се и околу Канео, поради што на граѓаните им се препорачува крајна внимателност кога се движат во овие делови на градот.
Променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер Во Охрид времето денес променливо облачно...
Во Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид е воведена интраваскуларна литотрипсија (IVL) со системот Shockwave# светски позната со...
Од наш највисок државен интерес е создавање на силни безбедносни коалиции со што ќе овозможиме посилен заеднички глобален напор во борбата со илегалната миграција и во борбата со сериозен криминал ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.