16.:40 Попладнево  на кејот во центарот на Охрид се случи трагичен настан во кој едно лице се удави во водите на Охридското Езеро.

Како што информира портпаролот Стефан Димовски околу 14 часот и 30 охридската полиција телефонски била известена дека во водите на езерото на Кеј “Македонија” забележано било безживотно тело.

На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, при што констатирано е дека се работи за С.Ј.(49) од Охрид, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. соопшти портпаролот Димовски.

OhridNews