Едно лице смртно настрадало во инцидентот што  се случи попладнево во охридската населба „Радојца Новичиќ“.

Како што дознаваме на немилиот настан му претходела жестока вербална расправија помеѓу две повозрасни лица, неофицијално за банална причина.

Во расправијата набрзо се вмешале синовите на двете семејства при што настанала физичка пресметка во која под засега непознати околности смртно настрадало едно од повозрасните лица.

На местото на настанот изврешен е увид, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

OhridNews