Како што информираат од охридската Брза помош, синоќа нивните служби извршиле 4 интервенции, претежно врз лица во алкохолизирана состојба. Како што оттаму потенцираат, оваа бројка е значително помала споредено со изминатите години, кога бројот на интервенции бил многу поголем.
Од СВР- Охрид информираат дека во текот на ноќта, забележано е едно нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект во центарот на градот. Според информациите на СВР Охрид по вербална расправија неколку лица, странски државјани, нападнале 25 годишен жител на Охрид кој најпрвин бил удрен со шише по главата, а подоцна надвор од објектот истиот бил претепан од насилниците. Со тешки телесни повреди во пределот на главата нападнатиот охриѓанец бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. Полицијата приведе дел од учесниците во инцидентот, а по едно лице се трага.