
Претпладнето во Охрид беа регистрирани уште два помали потреси, првиот во 6.07 часот со јачина од 2.6 степени, а вториот во 8.26 часот со магнитуда од 2.8 степени по Рихтер.
Тлото во охридско се тресе од 18-ти јуни. Во најголем дел потресите се со слаб интензитет. Најсилниот се случи на 3ти јули со магнитуда од 5 степени по Рихтер.
До овој момент над 200 граѓани на Охрид поднеле барање за проверка на штета до надлежната општинска комисија.
OhridNews











