Пожар рано утрово избил во импровизирана барака во близина на месноста Мауцкер, на влезот од Охрид.
Според првичните информации од истражните органи, на местото на настанот биле пронајдени две јагленисани тела на жена и малолетно дете.
-Денес во 5.45 часот од страна на лице пријавен е пожар на импровизиран објект за живеење во месноста Чекоштина. Пријавителот забележал огромен чад и пламен во објектот. Интервенирано е со две противпиожарни возила и 8 пожарникари на непристапен терен. За жал од пожарот објектот бил целосно уништен. При гаснењето на пожарот пронајдено е јагленисано тело најверојатно на жена и бебе на возраст од околу 7 месеци.-изјави Спасе Прентоским командир на ТППЕ Охрид.
Според првичните информации од истрагата пожарот најверојатно избувнал од ќумбе кое било користено за затоплување во студените ноќи.
-Ќумбето било поставено веднаш до импровизиран ѕид кој е целосно изгорен. Не можам да ја исклучам можноста дека пожарот е подметнат, но тоа ќе го утврдува истрагата, бидејќи не е познат ниту идентитетот на жртвите.-рече Прентоски.
Телата на загинатите се предадени на обдукција, за утврдување на идентитетот на жртвите.
Претходно противпожарната единици во Охрид два пати интервенирала на импровизираниот објект во Чекоштина, кој бил опожаруван.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com