По синоќешната крвава пресметка на група млади луѓе која се случи на кејот на езерото околу полноќ, во хируршкото одделение при охридската Општа болница биле примени две лица од Скопје со тешки повреди.
Едното лице поради здобиени длабоки повреди со остар предмет во црниот дроб и обилно крварење, во болницата било примено во бессознание. Врз него бил извршен хируршки зафат кој траел неколку часови. Интервенција била извршена и врз второто примено лице кое имало длабоки повреди во пределот на градите . И двете лица во моментов се во стабилна состојба.
Од СВР Охрид информираат дека учесниците во инцидентот се веќе идентификувани и се работи на целосно расчистување на случајот.
Инаку крвавата преметка се случи синоќа околу полноќ, на кејот на Охридското Езеро.
OhridNews