14 мигранти се повредени во сообраќајна несреќа која се случила околку полноќ на патниот правец Градско Велес. Несреќата ја предизвикал возачот на патничкото комбе во кое мигрантите се превезувале.
На полицискиот знак возачот да го запре возилото според информациите со кои располага велешкиот портал Лисица.мк, тој не запрел, туку се дал во бегство. Во непосредна близина на месноста Венуле од засега непознати причини комбето излетало од патот.
Од СВР Велес го потврдуваат настанот.Информираат дека возачот на патничкото комбе е во полициската станица,а повредените мигранти во велешката болница.
Првичните информации говорат дека две лица се имаат здобиено со тешки телесни повреди.
OhridNews
извор Макфакс