Едно од повредените четири лица во тешката сообраќајна незгода што се случи попладнево на патот Охрид- Кичево, кај селото Издеглавје, им подлегнало на повредите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во сообраќајната незгода, во која учествуваа две патнички возила, повредени се уште три лица кои се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Во тек е увид на местото на кое се случила сообраќајната незгода, а сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
OhridNews