Во сообраќајна незгода што се случи претпладнево на булеварот „Туристичка“, повреден е велосипедист. Во сообраќајната незгода учествувало и патничко моторно возило кое удрило во велосипедистот додека се приклучувал на „Туристичка“ од споредна уличка.
Од СВР ОХрид не откриваат детали околу возраста на велосипедистот и во која здравствена установа е згрижен, освен дека се здобил со тешки телесни повреди.
На местото на незгодата извршен е увид.
OhridNews












