Според податоците од Државната изборна комисија, до 13 часот процентот на излезност на прегласувањето во општина Струга е 25,05 %.

Од вкупно регистрираните 7.885 гласачи на деветте избирачки места на кои се гласа, до 13 часот правото на глас го искористиле 1975 гласачи.

Излезноста во општина Центар- Скопје е 34,29 %, во Ѓорче Петров 26,82 % и во Долнени 38,58 %.

OhridNews