Вчеравечер, во 20 часот и 30 минути во стариот дел од градот дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кое учествувале пет лица.

Имено, на улицата  „Цар Самоил“ , прво дошло до расправија и тепачка помеѓу Н.Д.(29), А.Ф.(31)и А.Ј.(31) од една страна и С.Т.(33) од друга страна , сите од Охрид. При тоа, им пришло лицето  Н.Ч. (36) кое се обидело да ги раздели, но Н.Ч.  бил нападнат со остар предмет во пределот на стомакот, но со повреди се здобило и лицето С.Т. (33). 

На Н.Ч. и С.Т. им била укажана лекарска помош во охридската Општа болница , по што Н.Ч. бил  пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар Струга.

Од СВР Охрид попладнево информираат дека учесниците во тепачката се приведени и се работи на целосно расчистување  на случајот.