Како што информираат од СВР, до сообраќајната незгода дошло кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во моторцикл марка „Џилера“, во моментот кога возачот на моторциклот, оставен на левата страна од коловозот,се обидел да се приклучи на коловозната лента, во правец кон селото Лескоец. Притоа, патничкото моторно возило директно удрило во левата страна од моторциклот.
На лице место, на здобиените повреди им подлегнал возачот на моторциклот, 51- годишниот Ранко М. Од Охрид.
На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и заменик јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. Кај возачот полициските службеници утврдиле 1,07 промили алкохол во крвта.Тој е приведен во полициска станица.
Во текот на денешниот ден, по наредба на истражен судија, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.