Дојава за бомба во комерцијален авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со кој за Истанбул требало да патува претседателот Ѓорге Иванов предизвика на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Според првичните неофицијални информации, деталниот преглед на леталото не утврдил присуство на експлозивна направа. Сомнежот дека можеби во авионот има бомба произлегол од пронајден мобилен телефон без сопственик. Пилотот не сакал да ризикува и не полетал, а обезбедувањето на претседателот Иванов го евакуирало шефот на државата.
Иако не била пронајдена експлозивна направа одлучено било претседателот Иванов да остане во Скопје и не отпатувал за Истанбул од каде требало да лета за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.
OhridNews