Дрвосечач од Албанија несреќно го загубил животот вчера на Буково.
Имено, за време на сеча врз него паднале гранки од дрво, при што тој се здобил со фатални повреди.
Случајот го потврди охридската полиција, која извршила увид на местото на несреќата.
Како што соопшти полицијата, Петрит Л.(1967) од Либразд – Албанија сечел дрва на Буково во шумскиот сектор 74 на подрачјето на Охрид, при што неколку гранки од пресечено дрво го удриле по главата по што тој се струполил на земја. Заедно со него биле уште две лица – албански државјани кои викале по него, но Петрит кој имал оштетен слух и не носел апаратче за слушање, не го слушнал предупредувањето. Несреќниот дрвосечач веднаш бил пренесен во струшката болница каде лекарите само ја констатирале смртта.
Телото на починатиот ќе биде предадено на семејството.