Според полицијата тешката сообраќајна несреќа се случила во 6 часот и 35 минути на пресекот на улиците ,,Егејска’ и ,,Железничка”, кога велосипедистот сакал да премине од едната на другата улица. Од јачината на ударот велосипедистот загинал на лице место.
На местото на несреќата увид извршиле истражен судија и јавен обвинител, а телото на загинатиот било предадено на обдукција.
Полицијата соопшти дека возачката дозвола на стружанецот била одземена и кај него во текот на истражната постапка не било пронајдено алкохол во крвта.