Со традиционалното засадување на дрвце во Паркот на поезијата, во чест на лауреатот, јужнокорејскиот поет Ко Ун, во Струга официјално започна 53-тото издание на Струшките вечери на поезијата.

Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на Сашо Димоски, а вечерва во предворјето на Домот на поезијата свечено ќе се означи почетокот на овој реномиран настан.

По отворањето ќе се одржи меѓународно поетско читање „Поетски меридијани“, а потоа следува музичко-поетски перфоманс и „Ноќ без интерпункција“.

Инаку, на овогодинешното издание на манифестацијата учестуваат 50-тина поети од 34 земји ширум светот.

OhridNews