На сцената на Античкиот театар во Охрид во тек се градежни активности за поставување на покривната конструкција, која има за цел да ја заштити сцената од надворешни влијанија. Проектот за покривање на оваа сцена е дел од годишната програма на „Завод и Музеј“ од Охрид за 2014 година.
Директорката на заводот Тања Паскали Бунташеска вели дека изведбата на покривната конструкција ќе треба да заврши до почетокот на јули.
-Очекуваме покривната конструкција да биде комплетно поставена пред официјалниот старт на годинешното издание на фестивалот Охридско лето. Се надеваме дека покривот ќе ги подобри условите за сите сценски изведби во рамки на фестивалот, но и за други настани кои ќе се одржуваат на сцената на Античкиот тетар, изјави Бунташеска.
Покрај овој проект, во овогодинешната програма на „Завод и Музеј“ е предвидено и поставување на покривна конструкција на летната сцена на „Долни Сарај“.
Е.М