-Во 2006 година само еден процент од домаќинствата во Македонија користеа широкопојасен интернет, додека во 2007 година бројката се зголеми на 7 проценти. Во 2008 година 23 проценти од домаќинствата употребуваа широкопојасен интренет, а во 2009 година 33,8 проценти, додека до крајот на 2011 година имаме 46,35 проценти корисници на фиксен широкопојасен интернет во домаќинства. Доказ за постигнатите резултати се податоците од Државниот завод за статистика, како и од Евростат. Во првиот квартал на 2011 година 55 проценти од домаќинствата имаа пристап до Интeрнет во своите домови, што е за 8,9 процентни поени повеќе во споредба со истиот период во 2010 година. Овој процент во 2006 година изнесуваше 16,5 проценти, истакна Груевски.
-Откако Комисијата го одреди широкопојасниот интернет за приоритет, сведоци сме на бенефитот од употребата на новата технологија во развојот на светот, рече Кагаме.
На состанокот на Комисијата се обрати и вториот ко-претседавач, Карлос Слим кој се заблагодари на гостопримството и топлиот прием кој го доживеал во Македонија. Телекомуникацискиот магнат го потенцираше влијанието на широкопојасниот интернет и новните технологии за развојот на малите и средните претпријатија и бизниси, како двигатели на светскиот економски развој.
На состанокот во Охрид што првпат надвор од вообичаената практика на Комисијата да заседава во канцелариите на ОН во Женева, Париз или Њујорк, учествуваат претставници од Австралија, Руанда, Италија, Франција, САД, Сингапур, Србија, Катар, Јужна Кореа и Финска, како и претставници на светски познати компаниии кои се двигатели на информатичкото општество како што се „Телефоника“, „Циско“, „Алкател“, „Ериксон“ и „ИНСО“.