
Детали од средбата не се откриваат, освен дека таа поминала во своевидно брифирање за текот на минатонеделните разговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, со посредство на европратеничката тројка и комесарот Јоханес Хан.
Груевски и Заев тие информации денеска ги споделиле со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Алуи Ахмети, како и со амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли. Засега нема информиции дали е на повидок нова средба во ист или во проширен формат во Брисел или во Стразбур.
Груевски не даде изјава по денешната средба, а неговиот сопартиец Илија Димовски потврди дека на денешната средба се разговарало за средбата во Стразбур и дека идната недела ќе има нова средба. Детали од средбата не откри ни лидерот на СДСМ.
„Не сме навлегле во детали и не можам да кажам дали има некаков напредок затоа што преговорите уште не почнале. Можни се и брзи решенија, но за тоа треба некој да преземе нешто“, рече Заев по средбата.
Луан Треси најави дека ДПА се надева оти следната недела ќе почнат посуштински преговори.
OhridNews
Извор:Deutsche Welle












