Од АД „МЕПСО“ информираат дека во 17 часот стручните екипи завршиле со планираните активности и ги вклучија под напон двете трансформаторски станици во Охрид. „Со тоа на високонапоска страна градот Охрид доби напојување со електрична енергија. Останува операторот на дистрибутивен систем да започне со манипулации и со вклучување на реоните во Охрид.“-се вели во соопштението.

Од ЕВН Македонија информираат дека снабдувањето со електрична енергија во регионот на Струга, Охрид, Ресен кои подолг период беа без напојување поради дефектот на 110кВ далноводите на АД МЕПСОП полека се стабилизира.

-Во моментов екипите на ЕВН работат и на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа. Како патиштата ќе бидат расчистени така екипите ќе стигнуваат навремено да ги отстранат дефектите.

Инаку поради големото невреме проследено со обилни врнежи од снег и ветер, дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид  пртетрпе големи штети. Најчестите дефекти беа на 35 и 10 киловолтни (кВ) далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени. И покрај тешко пристапните терени, екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите. – информират од ЕВН.

OhridNews