„Бидете смирени и почитувајте не, зборувајте албански“ е испишано на билбордите кои ги постави Општина Струга на неколку локации во градот. Оваа порака на која потпишан и градоначалникот Зијадин Села е напишана на англиски јазик и е наменета за организаторите и гостите на Струшките вечери на поезијата.
Освен пораката на билбордите е испишана статистика за бројот на жители во Струга по последниот потпис од 2002 година и со задебелени букви и бројки е испишан бројот на албанци кои живеат во оваа општина.
Билбордите со порака следуваат по најавата дека Струшката локална самоуправа годинава ќе ја бојкотира оваа манифестација и дека ниту еден претставник од општината нема да присуствува на нејзиното свечено отварање.
-Овој традиционален настан, покриен од страна на Министерството за култура, го прекршува Законот за употреба на јазиците, како и Охридскиот рамковен договор. Безмислено е да се доаѓа и да се зборува на сите јазици од целиот свет, а од друга страна да не се почитува јазикот на мнозинството на овој град, односно Албанскиот Јазик. Нема смисла и ставот на албанската партија на власт-ДУИ, која што како дел од Владата треба барем да даде една декларативна поддршка за оваа работа. Ова однесување од страна на оваа Влада, не ги почитува законските и уставните одредби и не оди во правец на основните човекови слободи и права. На крајот на крајиштата, се зборува за еден фестивал на поезија, а поезијата ги промовира вредностите со универзален карактер, а не рекламациите на една неодговорна Влада на ВМРО и ДУИ, пишува меѓудугото во писменото соопштение од општина Струга, кое беше испратено до медиумите.
Инаку одговорните за односи со јавност општината не информираа дека градоначалникот Зијадин Села во моментов е на годишен одмор и не е во Струга.
OhridNews
Безмислено е , да се доаѓа , да се зборува на сите јазици од целиот свет, а во друга страна да не се почитува јазикот на мнозинството на овој град, односно Албанскиот Јазик.
Во друга страна, нема смисла стафот на албанската партија во власт ( ДУИ ) , која што како дел од владата ја има оценето како незначајно да даде барем една декларативна подршка за ова работа, а во друга страна продолжуваат да се однесуваат како политички аналисти и не како донесувачи на значајни одлуки.
Ова однесување од страна на ова влада, не ги почитува законските и уставните одредби, не оди во правец на основните човекови слободи и права, а што е најважно фестивалот се реализира во еден град со албанско мнозинство.
На крај на крајиштата , се зборува за еден фестивал на поезија, а поезијата ги промовира вредностите со универзален карактер, и не рекламациите на една неодговорна влада (ВМРО-ДУИ).