Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар, денес, во 12.32  часот регистриран е земјотрес со епицентар на 9 километри источно од селото Косел, во охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот, кој беше почуствуван во Охрид и околината, е регистриран на длабочина од два километри и со јачина од 3, 6 степени според Рихтер.

Пред два дена беа регистрирани два земјотреси со епицентар во Охрид и охридско.

OhridNews