Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар попладнево во 13.18 часот, евидентиран е земјотрес во Грција со јачина од 4.1 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри.
Земјотресот кој е почуствуван и од страна на жителите на Охрид, е лоциран на 125 километри јужно од Скопје, односно 18 километри југо-западно од Битола.
37 минути подоцна, беше регистриран уште еден послаб земјотрес овојпат во Македонија, со епицентар 16 километри југозападно од Битола и интензитет од 2,9 степени.
OhridNews