Стружанката Милка Лазороска (78) била убиена со нож, денеска претпладне  во центарот на Струга. Според првичните информации жената од се уште непознати причини, ја нападнал Гзим Максути (38) од струшкото село Калишта, во дворот на нејзината семејна куќа.

Убиството, како што соопшти полицијата, се случило кога Гзим Максути дошол во посета на таткото и сестрата кои поради семејни расправии извесно време биле примени да живеат во куќата на Лазороска. Додека јадел бостан и пиел кафе без никаква причина Гзим Максути со неколку убоди со нож и нанел смртоносни рани на немоќната старица.
Нејзиниот син Јованчо Лазароски, во изјава за медиумите денеска, истакна дека Милка Лазороска е убиена без причина.
– Мајка ми почина од нејзината добрина. Убиена е без причина, без никаква расправија. Утрово таткото на убиецот, кој беше во кавга со него поради што и побегнал од дома, ми кажа дека стравува за својот живот поради тоа, но ете настрада мојата мајка од личност која ја видов исто така утрово поминувајќи со велосипед оттука и ми се гледаше некако како да не е во ред, изјави видно вознемирен Јованчо Лазороски.
Мајка ми е убиена без никаква причина – Јованчо Лазороски

Полицијата го приведе убиецот и работи на утврдување на причините за овој грозоморен чин.

OhridNews