Демонстрантите на протестите коишто се одржаа вчеравечер во Скопје ги обоија лавовите на мостот „Гоце Делчев“, откако полицијата не им дозволи да го изразат своето незадоволство пред Уставниот суд.
Демонстрантите кои беа пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон Уставниот суд.
Граѓанската организација „Протестирам“ на својот Фејсбук профил најави дека денес нема да организира протест во Скопје. „Со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“.
Граѓаните протестираат 12-ти ден по ред по одлуката на Претседателот, Ѓорге Иванов за аболиција.
OhridNews
извор Макфакс