Грмушки, трња, висока трева, големи количини на коров од исушени гранки и најразличен отпад, неколку години наназад го нагрдуваат просторот на булеварот ,,Туристичка”, во непосредна близина на Скалестата зрада и Ноќниот клуб ,,Наполеон”.
Обраснататa депонија од ден на ден се повеќе се проширува, а веќе има зафатено голем дел од тротоарот и им го отежнува движењето на минувачите.
– Конечно треба да се превземе нешто и да се исчисти овој простор, зошто во летниот период може да стане дувло на змии и разни инсекти. Ова е една лоша слика и за туристите, кои секојдневно поминуваат тука, коментираат граѓаните кои живеат во непосредна близина на депонијата.
Тие објаснуваат дека овој простор е запуштен затоа што нема сопственик односно постои одреден спор околку сопственоста на земјиштето, но според нив, тоа не ги оправдува надлежните да превземат одредени мерки за уредување на истиот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com