Македонија е на пат да изгради економија заснована врз знаење, врз образовани и работливи луѓе, а не само врз природни ресурси, па затоа младите и образовани кадри се клучниот македонски ресурс во кој и понатаму треба интензивно да се вложува-рече Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на доделувањето на “Инженерски прстен 2010”, кое се одржа денес пред платото на Светиклиментовиот храм “Свети Пантелејмон” на Плаошник.



Ова не е врвот на нашиот успех, ова е само мотив за нови достигнувања и идни наши вложувања. Ние како млади инженри секој во својата област ќе дадеме се од себе да придонесуваме за градењето на современа и модерна држава, држава која ќе биде постојано во тек со современите светски достигнуања и движења. Македонија е голема земја, со големи луѓе, Македонија е силна земја, со силни зброви, Македонија е богата земја со знаење и образовани луѓе. Се надевам дека ние ќе бидеме пример за идните генерации да се заложуваат и вложуваат–рече инжењерот Јасмина Палшеска, во името на сите добитниците на наградата Инженерски прстен.


„Златниот прстен“ кој во Македонија се доделува по седми пат, оваа година го добија најдобрите дипломирани студенти на инженерските факултети: Стојан Трајаноски и Катерина Тројачанец од Факултетот за информациски технологии од Скопје, Јована Јованова и Филип Здравески од Машинскиот факултет од Скопје, Јасмина Палашеска од Шумарскиот факултет од Скопје, Елизабета Делиоска од Техничкиот факултет од Битола, Цветанка Филипова од Градежниот факултет од Скопје, Елена Пазарџиеска од Архитектонски факултет од Скопје, Марија Мирческа од Земјоделскиот факултет од Скопје, Стефан Кувенџиев од Технолошко-металуршки факултет од Скопје и Ванчо Аџиски од Факултетот за природни и технички науки од Штип.

Е.Е.