Со пригодни типизирани предавања, денес СВР Охрид го отпочна проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“.

Проектот денес ќе се реализира пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Св.Климент Охридски“, а во наредниот период предавањата ќе се одржат и пред учениците и родителите. Проектот потоа ќе се реализира и во останатите средношколски центри во општината.
Активностите претставуваат продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ што се реализира во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници и родители, во неколку општини и населени места, а по иницијатива на портпаролот на СВР Охрид,м- р Стефан Димоски .

Во насока на намалување на штетите од злоупотреба на опојни дроги и добивање прецизни информации за ова зло, предавањата ќе ги спроведе обучен едукатор за оваа област.

Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ СВР Охрид го спроведува во координација и соработка со одделението за образование при општина Охрид.

OhridNews