Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од почетокот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата со попреченост вклучени во редовната настава.За таа цел се издвоени 59 милиони денари, со што системски се решаваат вработувањата на образовните асистенти, информираше пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска.
Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна нето плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Маца Ѓоргиева Овчарова“ од Велес“, истакна Лазаревска.
Учебниците согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение ќе бидат адаптирани на потребите на учениците со попреченост, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик, информираше Лазаревска.
OhridNews










