Македонската ракометна репрезентација Европското првенство во Данска го заврши на десеттата позиција пет скалила подолу од пред две години во Србија.

Во ТОП фазата Македонија не забележа ниту една победа туку претрпе три порази од Унгарија, Исланд и Шпанија.
– Во првиот натпревар од втората фаза против Унгарија не се одигравме како што знаеме затоа претрпевме пораз. Но, и да забележевме позитивен резултат тоа никако нема да беше гаранција за добар резултат во понатамошниот тек во групата. На дуелот со Исланд бевме достоен ривал до самиот крај, но ете и на тој меч ја напуштивме салата со наведнати глави. Им благодарам на Ракометна федерација на Македонија ни овозможи фантастични подготовки – заврши Обрван.
Мх.П.










