Таа испрати порака до власта да овозможи правна рамка за непречено професионално работење на
медиумите, но и до новинарите да бидат искрени кон себе и да сфатат дека треба
да и служат на јавноста, а не на политиката и бизнис интересите.
– Крајно време е сопствениците на медиумите и новинарите да разберат
дека и служат на јавноста, а не на политичарите и на бизнис интересите.
Време е да го вратите дигнитетот на вашата професија. Новинарите не
треба да се делат по основ на нивните политички интереси, затоа што
поларизацијата е деструктивна за општеството, истакна
Мијатовиќ.
Таа посочи дека земјава треба да работи на подобрување на правната регулатива, да ги реформира јавниот сервис и Советот за радиодифузија и да ја декриминилизира клеветата, а од новинарите побара и поголемо единство.
Според неа, неприфатливо е за едно демократско општество да има 165 случаи за клевета против
новинари, но и случаи на тужби на новинари против нивни колеги.
Мијатовиќ оствари средба со премиерот Груевски од кого добила ветување дека власта ќе поработи на овие прашања.