Денес и утре во Охрид, во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ќе се одржи обука „Расходните потреби на општините и приходните капацитети“.

Целта на обуката е да се зајакнат капацитетите на Министерството за финансии и другите релевантни национални и локални институции за раководење со модел на меѓувладини трансфери кој го вклучува факторот порамнување.

Ова ќе овозможи Министерството за финансии, Заводот за статистика и другите национални институции да воспостават систем за собирање на податоци како и за соодветни анализи на реформите поврзани со фискалната децентрализација.

УНДП, исто така, организира Форум кој ќе овозможи дискусија базирана на податоци, како и консолидација на студиите за расходните потреби на општините и нивните приходни капацитети. Форумот, исто така, ќе поттикне дебата за изборот на политики, рефлектирајќи го дизајнот на формулата за порамнување и можностите за нејзино инкорпорирање во законските и буџетските измени.

Настаните се организирани во соработка со Министерството за финансии.

OhridNews