,,Улогата на асистивната технологија во индивидуализацијата на наставата” беше темата на интерната обука за наставниците која се одржа деновиве во Основното училиште ,,Братство-единство’’ во Охрид. Оваа обука беше дел од втората фаза на Проектот ,,Е-пристапно образование’’ во кој училиштето е вклучено од 2011 година.
-На интерната обука беа презентирани асистивни уреди и пристапни опции на ,,Edubuntu Linux” за олеснување на работата со компјутер за учениците со посебни образовни потреби, кои се вклучени во редовната настава, информираат од училиштето.
Од таму објаснуваат дека со помош на асистивната технологија учениците со посебни потреби стануваат активни субјекти во воспитно-образовниот процес и знаењето го стекнуваат на многу поедноставен, посликовит и поинтересен начин.
Како придобивка од овој проект училиштето ,,Братство- единство’’ ќе добие и екрани на допир, едукативни софтвери и дополнителни асистивни уреди според индивидуалните потреби на учениците со посебни образовни потреби.
Oвој проект е под раководство на Здружението на граѓани за поддршка и промоција на пристапноста на нови технологии за лицата со хендикеп ,,Отворете ги прозорците’’ и е подджан од УСАИД.
OhridNews