Здружението “Пресреќно срце“ денеска и утре ќе организира обука за идни, млади перспективни претприемачи, како и за оние кои веќе започнале со реализација на својата бизнис идеја, но неопходно им е споделување на искуства со експертите.
 
-Целта на обуката е низ  интерактивна дискусија да се презентираат основните вештини на претприемништвото, како и конкретни индивидуални упатства за нивна практична примена. Во текот на работилниците ќе се разговара и за начините на регрутација на соодветен кадар, изработка на инвентивен бизнис план, согледување на ризиците во идниот бизнис и начините на нивна превенција, проценка на индивидуалните карактеристики и капацитети на постоечкиот и идниот претприемач за реализација на идејата. –објаснуваат организаторите.

Реализацијата на оваа обука е овозможена од страна на Општина Охрид, Сектор за Туризам и ЛЕР, според Г1 програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2011 година.

OhridNews