Фондација за поддршка на претпријатија – Охрид го спроведува проектот – „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот регион“, финансиран од Европската Унија.

Една од активностите во проектот е 30 дневна практична обука за невработени лица кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис, според ЦЕФЕ методологијата развиена од страна на Германското друштво за техничка соработка. Учесници на обуката се невработени мажи и жени, со средно или високо образование, од Охрид и Струга.

Во тек е вториот дел од обуката на тема финасии кои ги покрива темите: Производство и трошоци, организација и менаџмент, Финансии ( Трошоци за проект, Извештај за профит и загуби,  Сметководствени и финансиски извештаи , Прилив и одлив на парични средства,  Подготовка на биланс на состојба, Подготовка на финансиски план,         Презентација на финансиски план.

Обуката се одвива во просториите на Црвениот Крст Охрид.

OhridNews